Насловна / Архитектура / АЛУКОНИГШТАЛ со презентација на актуелни теми во рамки на БИМАС 2023

АЛУКОНИГШТАЛ со презентација на актуелни теми во рамки на БИМАС 2023

АЛУКОНИГШТАЛ кој е уште еден од главните поддржувачи на овогодинешниот БИМАС, најави своја презентација наменета за архитекти.

1694677158106

Генералната стратегија и фокусот на компанијата во светски рамки, ќе биде и главна тема на оваа презентација. Станува збор за проблематиката на прекумерните јаглеродни емисии и загадувањето, која беше спомената и во самите воведни излагања на отворањето на Биеналето.

АЛУКОНИГШТАЛ како водечки производител на профили за фасадни елементи ќе се надоврзе на темата, со тоа што ќе даде примери за начини на кои може да се намали јаглеродниот отпечаток од градењето и експлоатацијата на денешните модерни објекти- поконкретно застаклените фасади, чија конструкција е алуминиумот како материјал.

Другата тема која ќе биде допрена од презентацијата е за жал малку занемарена кај нас, иако битно и директно влијае врз квалитетот на нашиот живот. Се работи за  олеснетиот пристап до јавните и станбени згради и инклузивноста на луѓето со попреченост при проектирање на фасадата. Тука е и пристапот за лицата со инвалидитет преку влезни врати без прагови и пречки како и лесно ракување со врати и прозорци за непречено преминување меѓу простории и излегување на тераса и двор.

Picture1

Датум и време за настанот: 26.09.2023, вторник во 19.30 ч.

Место:  НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА – МАЛА СТАНИЦА

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top