Насловна / Вести / „АЛУКОНИГШТАЛ” НА BAU 2023

„АЛУКОНИГШТАЛ” НА BAU 2023

BAU 2023 – водечкиот светски саем за архитектура, градежни материјали и системи, се врати во Минхен за прв пат од 2019 година и паузата поради короната. Фокусот годинава беше ставен на можностите за реализирање на климатско неутрална градба, ориентирана кон иднината. Целиот настан се одржа од 17 до 22 април во Минхен, Германија.

00

Оваа година, BAU 2023 беше посветен на петте водечки теми:

  • „Предизвици кои произлегуваат од климатските промени“
  • „Иднината на домувањето“
  • „Ресурси и рециклирање“
  • „Дигитална трансформација“
  • „Модуларна монтажна конструкција“

Саемот беше сведок на моментот кој го живееме и во кој глобалната закана од климатски промени секојдневно ја чуствуваме и како истата значително влијае и ја трансформира градежната индустрија, наметнувајќи нови пристапи и концепти.

Беа претставени навистина голем број на иновативни решенија за еколошка, економична и т.н. климатска градба, со фокус на дигитализација и оптимизација на работењето, енергетска транзиција и недостигот на ресурси. Дополнително, едно од прашањата што BAU ги третираше е како зградите и градовите можат да станат поотпорни на екстремни временски услови.

prv

ALUKÖNIGSTAHL во партнерствотo со SCHÜCO и JANSEN ја разгледува одржливоста како севкупен предизвик, како обврска и движечка сила, а истовремено се фокусира на потребите на клиентите. Врз основа на тоа, се развиваат производи кои активно придонесуваат за одржлива градба.

На пример, апликативната фасадна конструкција со дрвена подградба Schüco AOC.TI (Add-On-Construction, Timber) го задоволува стремежот за поширока употреба на обновливите извори на дрво и во исто време комбинира иновативна технологија и максимална слобода на дизајнот за модерна архитектура. Конструкцијата со сребрен сертификат според програмата Cradle to Cradle Certified® Products овозможува голема носивост, а во исто време со мала видлива ширина на профилите.
Во зелената фасада Schüco AF UDC 80 Green Façade зеленилото ја намалува потрошувачката на енергија внатре преку природно ладење и дополнително го врзува CO2 преку надворешната растителност.

01

Челикот, од друга страна, е природен и обновлив градежен материјал. Неговата висока носивост со мали димензии заштедува материјал, го намалува обемот на изградба и оперативните трошоци. Системите од челик Jansen се издржливи и ја задржуваат својата вредност. Откако ќе се произведе, челикот може да се рециклира на крајот на неговиот корисен век. На овој начин, изградбата со челични системи дава значителен придонес во заштитата на животната средина и климата.

3.Jansen

Во областа на безбедноста, претставена е комплетната палета на производи за заштита од провала и разбивање, од пожар и чад, како и од куршуми и експлозии. Високобезбедните конструкции на SÄLZER (дел од Schüco) нудат максимална заштита од провална кражба, пенетрација на куршуми и експлозија – дури и со видлива ширина на профилот од само 60 mm. Профилно интегрираните тестирани и сертифицирани компоненти со висока безбедност, целосно невидливи однадвор, и соодветното застаклување нудат отпорност на провалување до RC 5, отпорност на куршуми до FB7-NS и максимална заштита од експлозија.

02

На тема дигитализација во градежниот сектор, Schüco повторно е иноватор. Со паметни мрежни и дигитални производи, обвивката на зградата станува интелигентен интерфејс помеѓу внатрешноста и надворешноста: на пример преку системите за вентилација и управување со зградата, преку одлични системи за контрола на пристап и комуникација со влезни врати.

Не може да не се споменат панорамските лизгачки системи со праг без бариери за непречен пристап, како и фасадите со слободна форма за висок степен на слобода на дизајнот.

6.Acoustic window

7.SmartTouch door

 

8.Pivot door

9.Sliding door

10.Easy access

nn

11.Grid-to-shell

ал

*Комерцијален текст

Испрати коментар

Scroll To Top