Алтернативниот простор на Hue+ во Токио е дизајн на Schemata Architects, и е сочинет од серија објекти кои целосно се интегрираат во фотографско студио, каде визуелниот израз на „јадење“ е одредена тема на фтотографско истражуавње. За разлика од вообичаено фотографско студио, кое е затворена кутија и содржи само вообичаена опрема, Hue+ е простор со канцеларии, кафетерија, библиотека и кујнa, што прават на корисниците да им биде задоволство да останат подолго.
Hue+ им дозволува на своите корисници да го менуваат просторот според своите потреби. Релаксираната атмосфера овозможува понатамошни можности на оторена комуникација за да се разбуди креативноста и да ги поттикне свежите идеи во врска со „јадењето“.