Насловна / Градежништво / Алтернатива: Бетон армиран со бамбус

Алтернатива: Бетон армиран со бамбус

beton-armiran-bambusom-726x400

Земјите во развој имаат најголема побарувачка за армиран бетон, но главно немаат ресурси за сами да произведат челик.

За да ја избегнат зависноста од светскиот суров пазар, сингапурската лабораторија Future Cities работи на осмилување на алтернатива за бетонирање со бамбус наместо челичната арматура.

„Во однос на прашањето за цврстина на затегата, бамбусот е подобар од повеќето материјали вклучувајќи ја и арматурата од челик“, додаваат од Future Cities

Бамбусот ја остварува оваа цврстина благодарение на шупливата, цевкаста структура која еволуирала со милениуми за да се приспособи на ветровите и природните неприлики. Бамбусот е лесен материјал, лесно се сече и транспортира. Поради брзиот раст и можноста да се развива на различни локации, тој претставува и доста евтин материјал. Уште една предност е тоа што за својот раст троши голема количина на CO2 поради што е добар и за животната средина.

Секако, тука се и недостатоците на бамбусот, како и кај секој материјал. При температурни промени и апсорпција на вода, бамбусот доста се шири и собира. Исто така, како и секоја билка, така и бамбусот подлежи на биодеградација и распаѓање.

Во секој случај, лабораторијата Future Cities продолжува со своите истражувања како бамбусот може најдобро да се искористи како конструктивен материјал, а првите експерименти дадоа добри резултати.

Но ова не е прв обид да се најде алтернативна замена за челикот. Таков случај беше текстилниот бетон и композитната арматура кои се покажаа добри во практика.

Испрати коментар

Scroll To Top