Насловна / Архитектура / Alphabet во Торонто – населба на иднината

Alphabet во Торонто – населба на иднината

Магазинот Fast Company наведе неколку интересни детали врзани за проектот паметна четврт во Торонто, за која, како што велат, сметаат дека засекогаш ќе го промени и (понатаму) лаичкиот начин на кој гледаме на паметните градови.

4
Проектот на целата четврт го потпишува бирото Snøhetta, а го развива кампањата Alphabet (некогаш Google). Целата иницијатива се одвива под капата на мистериозниот проект Sidewalk Labs во рамки на кој се обмислуваат, развиваат, тестираат и градат иновативни урбани единици кои би требало да го олеснат и унапредат функционирањето на градовите во иднината…А еве што се тоа би можело да значи…

1
Поголем број од објектите, вклучувајќи ги и зградите високи до 30 ката, ќе бидат направени од дрво. Во нив има околу 3.000 станбени единици, а за третина од нив планирано е да бидат пристапни за сечиј џеб. За среќа Канада има многу шуми и се претпоставува дека за изградбата ќе се користат локални суровини.

5
Модуларност и префабрикација
Појавата на модуларни решенија во архитектурата ја насочила нејзината иднина и поради тоа не чуди што новите технологии се користат за да ги унапредат, но и олеснат градежните работи со иновативни решенија. Во овој конкретен случај тоа најдобро се гледа по дизајнот на пешачките патеки кои ќе бидат изведени од лесни за склопување многуаголни плочи, на кои константно ќе може да им се менува распоредот, па со самото тоа и трасите. Дрвените носачи за зградите ќе бидат префабрикувани што драстично ќе го намали времето на изградба.

2
Во подземното ниво владеат роботи
Интересно е дека транспортот на стока до комерцијалните објекти кои ќе бидат во рамки на оваа четврт нема да го врши внатрешниот сообраќај. Имено, под површината на градот ќе се изгради комплетна инфраструктура, а стоката до продавниците, хотелите и другите објекти ќе ја доставуваат специјални роботи.
Треба да се напомене дека идејата за подземен транспорт на стока не е нова. Слични услуги одамна се користат во Дизниленд, а Барон Осман предложил нешто слично за центарот на Париз уште во 19. век!

6
Греење на екстериерот?
Зимата во Торонто трае долго. Но и покрај тоа Sidewalks Lab сака да ги наведе своите корисници да поминуваат надвор што повеќе време. Поради тоа, компанијата моментално тестира решенија како што се термални стази за велосипеди и топлотни „обвивки“ на фасадите.

7
Рециклажа на отпад
Покрај соларна енергија зградата ќе користи и геотермална топлина. За добри конекции ќе биде задолжена оптичка мрежа и бежичен 5G интернет, додека на возачите ќе им биде олеснето возењето благодарение на паметни ивичњаци кои ќе го почуствуваат присуството на возилата и олеснат сообраќајот. Исто така, паметен интерфејс за отпад ќе го олесни компостирањето и рециклирањето за да 80% од вкупниот отпад се одложи од депонијата.
Реализацијата на овој проект е отпочната, а првите станари ќе се вселат до 2021 година.

3

Испрати коментар

Scroll To Top