Насловна / Арт и дизајн / Алката направена од гума од болидот на Шумахер се продава за 9.600 евра

Алката направена од гума од болидот на Шумахер се продава за 9.600 евра

Болидите и предметите поврзани со седумкратниот шампион на „Формула 1“, Михаел Шумахер достигнуваат вртоглави цени, а сега компанијата „Монгрип“ продава алки во ограничена серија. Станува збор за алката под името MZ96, која се смета за една од најуникатните предмети поврзани со легендарниот Шумахер. Направена е од гумите користени на неговиот болид Ferrari F310B од трката во Монца 1996 година. Токму таа година, Шумахер ја остварува својата прва победа, што за екипата на Ferrari бил прв триумф на оваа патека од 1988 година.

bracelet1

bracelet2

Алката е тешка 30 грама, има суптилен дизајн и препознатливи елементи вклучувајќи и амблем на змеј, користен на дизајнот на заштитните кациги на Шумахер. Исто така, содржи платина, како и седум дијаманти кои ги симболизираат неговите седум шампионски титули. Заинтересираните купувачи може да бираат различни опции, а достапно е и гравирање кое е ограничено на 16 карактери.

bracelet3

 

Испрати коментар

Scroll To Top