Насловна / Екологија / Алкалоид ги доби сите „А“ – интегрирани еколошки дозволи

Алкалоид ги доби сите „А“ – интегрирани еколошки дозволи

Alkaloid
Компанијата Алкалоид АД – Скопје ги доби сите интегрирани еколошки дозволи – А за усогласување со оперативниот план. Новодобиените А-дозволи за усогласување со оперативниот план се однесуваат на Алкалоид АД – ПЦ Програма Хемија и за Алкалоид АД – ПЦ Фармација, двете со локација во општина Ѓорче Петров.

– По добиената А-дозвола во 2012 година за усогласување со оперативниот план на Алкалоид АД – ПЦ Фармација за локалитетот Автокоманда, компанијата деновиве ги доби и останатите две дозволи за инсталациите, за кои согласно со Законот за животна средина беше потребно да се изработи апликација со оперативен план и да се достави до Министерството за животна средина и просторно планирање, информира Алкалоид АД – Скопје.

Поради усогласување со законската регулатива во државата и со законодавствството на ЕУ, како и заради интегрирано спречување и контрола на загадувањето, Алкалоид уште во 2007 година ги почна подготовките за добивање интегрирана еколошка дозвола. Досега за оваа цел се вложени над половина милион евра.

Испрати коментар

Scroll To Top