Првата детелинка со четири листа (Quadrifoglio) го красеше возилото Alfa Romeo RL, со кое тркачот Ugo Sivocci во 1923 година победил на трката Targa Florio. Далечната 1923 година, тој на своето возило непосредно пред трката ставил бела квадратна налепница на која била детелинка со четири листа, која на крајот навистина му донела среќа.
Така е роден симболот кој до денешни денови се поврзува со тркачите и спортските модели на Alfa Romeо, а заедно со одбележувањето на стотиот роденден на овој симбол (подоцна прикажан на бел триаголник) во Милано се осврнаа и на 60-тиот роденден на оделото Auto Delta. Централната свеченост е закажана за 5-ти март, а ќе се одржи во музејот на Alfa Romeo во Милано, додека голема парада на автомобили на овој бренд кој на себе имаат Quadrifoglio амблем, ќе се одржи на 25-ти јуни. Последниот модел на Alfa Romeо со препознатливата детелинка е неодамна претставената единствена креација на компанијата Zagato која се крие зад името Giulia SWB.