Александар Ванг е еден од најпознатите дизајнерски имиња на помладата генерација во светот, а се прослави се своите елегантни и едноставни, но и малку „изместени“ парчиња кои редовно ги бараат јавните личности.
Претходните години својата кариера ја поминал живеејќи во типичен уметнички стан, односно галерија, но сега како што изјави дојдено е време за сериозен имот и организиран начин на живот.
Како што пишува Architectural Digest, кој со дизајнерот ексклузивно разговорал, луксузниот стан до реката Хадсон на њујоршкиот Менхетн претставува токму овој нов чекор.
Уредувањето на ентериерот донесува мноштво чисти линии и едноставни парчиња мебел. Боите се претежно скромни и ненаметливи, како што се бели, беж и црни, додека најголемо внимание привлекуваат деталите.
Според зборовите на самиот Ванг, тој ги сака фотографските дела на Стивен Клајн, така што станот исполнет со негови дела, а ако се погледне внимателно, се гледат и фотографиите на кои се наоѓа легендарната Кејт Мос.
Иако целиот стан е апсолутно прекрасен и луксузен, Ванг вели дека најмногу го цени погледот на вода која го смирува и големата количина на природна светлина.