Насловна / Архитектура / Алехандро Аравена во Нови Сад говореше пред 2.000 луѓе (ВИДЕО)

Алехандро Аравена во Нови Сад говореше пред 2.000 луѓе (ВИДЕО)

Судејќи според бројот на посетители на предавањето на Алехандро Аравена, може да се заклучи дека архитектурата е повторно во мода.

На 5 октомври 2023 година, Нови Сад беше епицентарот на архитектурата!  Познатиот чилеански архитект, добитник на Прицкеровата награда, Алехандро Аравена одржа предавање пред речиси две илјади луѓе… и тоа на отворено.

а1

Нови Сад моментално нема капацитет да прими толку голем број луѓе во затворен простор, па беше одлучено предавањето да се одржи под ведро небо во рамките на Дистрикт.

Направена е бина и поставен бескраен ред столови каде посетителите можеа да го слушаат предавањето како и панелот со Аравен, кои заедно траеа околу два часа.

Ваква атмосфера на отворено досега во Нови Сад можеше да се види на концертите на Егзит, но не и на предавање на архитект од другиот крај на светот, кому ова му е прв настап во овој дел од Европа.

а2

„Кога зборувам со поширока публика за архитектурата, сакам да почнам што е можно подалеку од самата архитектура: да се обидуваме да ја испитаме човечката состојба, зошто ние како вид се однесуваме онака како што се однесуваме, индивидуално или колективно. После тоа доаѓаме до архитектонски операции кои се занимаваат со тие прашања“, изјави Алехандро Аравена.

Работиме мудро, но неја губиме перспектива за она што е важно во животот

а4

Добитникот на Прицкер, највредната награда во архитектурата, пред публиката во Нови Сад го претстави проектот за социјално домување во Чиле, што го иницираше во рамките на својата компанија Елементал, по што стана познат ширум светот.

„Најгорд сум што успеав да создадам тим кој се движи како племе; не сме семејство, но се грижиме едни за други, споделуваме остра смисла за хумор, работиме мудро (покрај напорно) но не ја губиме перспектива за она што е важно во животот“, изјави Аравена.

Испрати коментар

Scroll To Top