Насловна / Архитектура / Алехандро Аравена на листата од 28 „генијални креативци“ за 2016 според New York Times

Алехандро Аравена на листата од 28 „генијални креативци“ за 2016 според New York Times

aehandro-aravena1

Чилеанскиот архитект Алехандро Аравена е избран меѓу 28-те „генијални креативци кои ја дефинирале културата во 2016“, во изборот направен од страна на New York Times. На листата се најдоа и досегашната прва дама на САД, Мишел Обама, Лејди Гага, Донатела Версаче, Натали Портман и др.

aehandro-aravena

Аравена постигна спектакуларен успех во 2016 година. Добитник на Прицкеровата награда во јануари 2016, додека во мај беше директор на 15. Венециско биенале за архитектура.

hausman-tripke-i-robert

Тој е еден од тројцата архитекти на оваа листа на престижниот весник, и се наоѓа во друштво со „иконите“ на европскиот постмодернизам, Трикс и Роберт Хаусман. Брачниот пар се уште активно работи и покрај возраста од 83 односно 85 години.

hausman-triks-i-robert

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top