Насловна / Вести / Албанија усвои десетгодишен мораториум врз сечата на дрвја за индустрија или извоз

Албанија усвои десетгодишен мораториум врз сечата на дрвја за индустрија или извоз

Albanska suma

Албанскиот Парламент усвои десетгодишен мораториум врз сечата на дрвја за индустријата или извозот.

Портпаролката на Министерството за животна средина Ана Кекези изјави денеска дека законот им дозволува на локалните власти да одобруваат само ограничена сеча на дрвја за огрев.

Околу 1,4 милиони хектари шуми во Албанија беа исечени или изгорени во последните 26 години по падот на комунистичкиот режим, при што во просек секоја година беа исечени 2,5 милиони дрвја.

Министерот за животна средина Лефтер Кока изјави дека крајното решение за тој мораториум дошло откако последните мерки не успеаја да ја спречат загубата на шумите, една од главните причини за поплави во земјата во изминатите години.

 

Испрати коментар

Scroll To Top