Насловна / Вести / Албанија: Сите градови го исклучија јавното осветлување, како мерка за штедење

Албанија: Сите градови го исклучија јавното осветлување, како мерка за штедење

Албанија им нареди на локалните власти да го исклучат јавното осветлување, поради енергетската криза. Албанската државна електроенергетска компанија KESH беше приморана да исклучи голем дел од турбините во хидроелектраните, поради недоволно вода во акумулациите, па земјата е приморана најголемиот дел од потребите од електрична енергија да го покрива со увоз.

drim4

drim5

 

Албанија се обидува да го диверсифицира производството на електрична енергија со доделување на градежни дозволи на компаниите кои се занимаваат со ветерна и соларна енергија, со цел да ја намали речиси целосната зависност од хидроенергијата. Оваа земја, која има 2,8 милиони жители нема ниту еден производствен капацитет за електрична енергија од фосилни горива.  „Дожд нема да има ниту во наредните две недели и работите уште повеќе ќе се влошуваат. Сега работат само два генератори на каскадата на реката Дрим“, отворено истакнала во својата видео порака министерката за енергетика Белинда Балуку. Албанското електростопанство KESH објави дека резервите на вода во трите акумулации на реката Дрим се само 315 GWh, во однос на 1.230 GWh минатата година.

drim6

 

Испрати коментар

Scroll To Top