Насловна / Вести / Албанија пред енергетски колапс – 80 проценти увоз на електрична енергија

Албанија пред енергетски колапс – 80 проценти увоз на електрична енергија

Hidrocentrala Fierza Albanija

Поради исклучително сушниот период дури 80% од потребите за електрична енергија се подмирува од увоз. Албанската електрокорпорација (КЕШ) предупредува дека доколку сушниот период продолжи и следниот месец, земјата во целост ќе зависи од увозот ан електрична енергија. Албанија започна да увезува струја во јули, кога има увезено 285.000MWh во вредност од 18 милиони евра, а за август е договорен увоз на 434.000MWh во вредност од 29,9 милиони евра. КЕШ е принуден да увезе дополнителни 30.000  MWh, поради тоа што нивото на водата во акумулацијата на најголемата хидроцентрала на Дрим – “Фиерза” е под минималната кота , а слична е состојбата и со  другите две хидроцентрали  на реката Дрим – “Коман” и “Вау те Дејес”.

Hidrocentrala Fierza alb.

 

“Фиерза” е втора по големина хидроцентрала на Балканот, зад романско-српскиот објект “Ѓердап” на Дунав.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top