После двомесечни дискусии во работната група со претставници од бизнис секторот, Министерството за инфраструктура и енергетика одлучи да прифати некои од барањата во насока на олеснување на влијанието на енергетската криза. Иако Меѓународниот монетарен фонд неретко ги критикува исклучоците кои се правата во однсо на ДДВ, сепак владата се одлучи да ја ослободи од ДДВ опремата која се увезува за инвестициите во соларни и ветерни електрани. Хрватска веќе го укина ДДВ за фотонапонска опрема, а и Црна Гора е веќе пред донесување ваква одлука
Од друга страна и натаму се работи на поедноставување на процедурите при изградба на постројки од областа на обновливи извори на енергија. Заменик премиерот и истовремено министер за инфраструктура и енергетика Бељинда Балуку, најавува дека албанската берза на електрична енергија (Albanian Power Exchange – ALPEX) ќе започне со работа на 23-ти ноември 2022 година.