Албанската полиција набави единаесет електрични автомобили, кои пред зградата на Министертвото за внатрешни работи ги презентираше министерот Саимир Тахири.
Како што јавува дописникот на МИА, автомобилите се марка „Фолксфаген“ и како што изјави Тахири на настанот тие „нема да трошат ни капка гориво“.
„Трошоците за погон за овие возила се многу, многу мали. Помали од едно кафе на ден. Трошоците за електрична енергија се 1.200 стари леки (помалку од едно евро) на 100 километри, додека еден конвенционален полициски автомобил за 100 километри троши некаде до 30 илјади леки, изјави Тахири.
Од друга страна пак, странски медиуми (abc news, autoevolution, dailynews) го потенцираат фактот дека Албанија нема ниту една станица за полнење на електрични автомобили, па за секое полнење автомобилите ќе мора да се враќаат во полициските станици.