Насловна / Вести / Албанија ќе ја гради хидроцентралата „Скавица“, инвестиција вредна 510 милиони евра

Албанија ќе ја гради хидроцентралата „Скавица“, инвестиција вредна 510 милиони евра

Физибилити студијата за изградба на хидроцентралата „Скавица“, планирана уште од шеесетите години на минатиот век, изработена е со помош на Европската Унија и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). Министерката за инфраструктура и енергетика на Албанија, Белинда Балуку изјавила дека за погон од 210MW има две сценарија, чија инвестиција е 308 односно 510 милиони евра. Таа истакнала дека владата планира да ја гради оваа хидроцентрала со сопствени средства, со што ќе се комплетира низата од хидроцентрали на реката Дрим. За проектирано годишно производство од 915 GWh, истовремено за околу 80 GWh ќе се зголеми и производството на хидроцентралите „Коман“ и „Фиерза“ кои имаат инсталирана моќност од 600 односно 500MW. Локацијата на новата хидроцентрала е во североисточниот дел на земјата, во близина на границата со Македонија. Според планот, 360 милиони евра ќе чини изградбата на самата електрана, а 150 милиони евра би чинела дполнителната инфраструктура во тоа подрачје. За изградба на централата планирани се четири години, а за октомври е планиран меѓународниот тендер за изведувач.

skavica1

skavica2

skavica3

Испрати коментар

Scroll To Top