Насловна / Вести / Албанија ќе го блокира TikTok, најмалку една година

Албанија ќе го блокира TikTok, најмалку една година

Албанскиот премиер Еди Рама изјавил дека социјалната мрежа TikTok во сопственост на кинеската компанија ByteDance, ќе биде блокирана во земјата најмалку една година, почнувајќи од стартот ан 2025 година. „TikTok е како насилник од соседството“, рекол Рама на состанокот во Тирана со албанските наставници, родители и психолози. Во периодот додека трае блокадата, ќе се спроведуваат програми кои ќе служат за образование на учениците и помош на родителите да го следат напредокот на своите деца.

Албанската министерка за обраование истакнала дека повеќе од 80% од родителите бараат ограничување на социјалните мрежи. „Во време кога технолошките предизвици се неизбежни, физичката и дигиталната безбедност е приоритет. За да ја подобриме оваа безбедност, одлучивме да ја блокираме TikTok платформата. Исто така, ќе инсталираме паметни камери во склоп на проектот „паментен град“, со што ќе обезбедиме поефикасен надзор во училиштата и нивната околина“, рекла министерката.

TikTok е платформа за видео снимки со кратка форма, во сопственост на кинеската интернет компанија ByteDance.

Испрати коментар

Scroll To Top