Во хидроцентралите на реката Дрим во Албанија ќе се спроведат опсежни работи на осовременување и реконструкција, како и зголемување на сигурноста на браните. Проектот ќе се реализира со средства од Светска банка. Вкупната моќност на овие хидроцентрали изнесува 1350 MW, кои покриваат околу 70% од потребите за електрична енергија во Албанија. Се работи за ХЕЦ Fierzë, ХЕЦ Koman и ХЕЦ Vau i Dejës кои се во сопственост на албанската електроенергетска компанија KESH. Реконструкцијата опфаќа рабти на затворачите на системот за прелив, и затворачите stop-log кај ХЕЦ Fierzë и ХЕЦ Koman, додека кај последнава хидроцентрала ќе с еизврши и современување на електромеханичката опрема.