Насловна / Вести / Албанија ја запре изградбата на хидроцентрали поради грижа за животната средина

Албанија ја запре изградбата на хидроцентрали поради грижа за животната средина

Новоименуваната албанска министерка за енергетика и инфраструктура Белинда Балуку, изјави дека ќе се запре со изградбата на нови хидроцентрали, и истовремено се покренува истрага за 182 издадени дозволи за вкупно 440 хидро постројки.

Како што пренесува Ројтерс, Балуку изјавила дека е време за анализа зошто поголем дел од издадените дозволи остануваат нереализирани, како и за ревизија на политиката за изградба на мали хидроцентрали (МХЕ), но и за сеопфатна анализа на енерегeтската стратегија.

baluku1

„Потребен ни е баланс помеѓу економскиот развој и заштитата на природните богатства„ рекла Балуку. Според нејзините зборови, од средината на 2000 година, кога дефицитот во производството на електрична енергија предизвикувал долги и чести рестрикции, албанските влади потпишувале договори за изградба главно на мали хидроцентрали, но досега само 96 постројки се оперативни. Балуку рекла дека „штетата која ја предизвикуваат малите хидроцентрали би можела да ја надмине секоја економска добивка. Затоа одлучив да ги замрзнам сите проекти, се додека не се ревидираат сите аспекти“, потенцира таа.

baluku3

Во последниот период, во целиот регион бројни се протестите на јавноста во врска со малите хидроцентрали. Според податоците на Секретаријатот на Енергетската заедница, Албанија на крајот на 2017 година имала околу 120MW инсталирана моќност во МХЕ, по што оваа земја е втора во регионот, веднаш зад Босна. Инаку, во Албанија речиси 100% од енергијата се проеизведува од хидропотенцијалот.

baluku2

 

Испрати коментар

Scroll To Top