Насловна / Вести / Албанија ја доби првата пловечка соларна електрана на Западен Балкан

Албанија ја доби првата пловечка соларна електрана на Западен Балкан

Компанијата Statkraft на акумулацијата на својата хидроцентрала „Бања“ во Албанија постави пловечка фотонапонска постројка од 2MW, која се состои од четири еднакви делови. Изведувач беше компанијата Ocean Sun. Не сметајќи ги неколкуте пилот проекти во Турција, ова е единствената таква електрана во Југоисточна Европа, односно на Западен Балкан. Четири години откако Statkraft поднел барање до надлежното министерство, компанијата која беше ангажирана го заврши инсталиањето на целокупната опрема. Ocean Sun, компанија која исто така е од Норвешка, соопшти дека во декември ја завршила последната фаза од инсталирањето. Во средината на 2021 година, ведаш откако била поставена првата платформа со пречник од 68,8 метри и моќност од 500kW, силен ветер тешко ја оштетил конструкцијата. Поправките траеле речиси една година, а паралелно со тоа се инсталирани и преостанатите три сегменти со иста моќност.

banja1

banja2

Statkraft има најголемо портфолио во секторот на хидроцентрали во Европа. Исто така управува со ветерни паркови, соларни фарми, гасни електрани и топлани. Новата пловечка фотонапонска постројка се наоѓа на компаниската акумулација за хидроцентралата “Бања“ на реката Девол. Двете компании сметаат на можноста за стекнување предност на пазарот благодарение на своите решенија за оваа популарна технологија. Системот со кружно обрабени платформи е изграден во целост според планот и во рамките на предвидениот буџет. Годишното производство на таа електрана e проценето на 3GWh.

banja3

 

Испрати коментар

Scroll To Top