Насловна / Вести / Албанија гради хидроцентрала на реката Вјоса

Албанија гради хидроцентрала на реката Вјоса

DCIM100MEDIADJI_0091.JPG

Албанското Министерство за економија го официјализира договорот за изградба на хидроцентралата „Почем“ на реката Вјоса. Хидроцентралата, со инсталиран капацитет од 95 MW, ќе ја гради турскиот конзорциум „Kovlu Energy“. Според концесискиот договор, Турците ќе инвестираат 100 милиони евра. Изградбата треба да заврши за три години, додека годишното производство е планирано на 305 милиони kWh. Постапката за изградба на ХЕЦ „Почем“ почна во јули 2015 година, кога Владата ја прифати понудата од турскиот конзорциум „Kovlu Energy“.

albanija-reka-vjosa

Концесијата за користење е за период од 35 години. ХЕЦ „Почем“ е втор ваков објект кој се гради на реката Вјоца низводно по ХЕЦ „Каливач“. На изгрдбата на хидроцентралите на реката Вјоса остро се спротивставуваа еколошките организации во Албанија, кои организираа многу протести и собири, но Министертвото за економија тврди дека ХЕЦ „Почем“ нема никакво негативно влијание врз животната средина.

albanija-reka-vjosa-hidrocentyrala

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top