Насловна / Вести / Албанија: Единствена во светот хибридна електрана со три извори на енергија

Албанија: Единствена во светот хибридна електрана со три извори на енергија

Хидроцентралата Vau i Dejës ќе стане интегриран центар за производство на електрична енергија. Се наоѓа во северозападна Албанија и има инсталирана моќност од 250MW. Неодамна на овој енергетски капацитет е инсталирана соларна електрана на браната, а во наредниот период ќе биде поставена и пловечка соларна електрана во акумулацијата, како и ветерни турбогенератори. Хидроцентралата Vau i Dejës е пуштена во работа во 1973 година и е една од најстарите хидроцентрали во Албанија, која речиси целосно зависи од оваа технологија за производство на струја.

DCIM100MEDIADJI_0045.JPG

Во рамките на напорите за диверзификација на изворите на енергија, државното електростопанство KESH одлучува да ја надгради постројката со фотоволтаици и ветерни турбини и да ја трансформира во хибридна електрана. Првата етапа е завршена со инсталирање на фотоволтаици со капацитет од 5,1MW на браната. Министерката за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку изјавила дека на оваа локација ќе биде интегриран центар за производство на енергија, укажувајќи на планот од 2018 година за поставување на соларна електрана со капацитет од 12,9 MW на површина на акумулацијата, но и изградба на ветерен парк. Европската банка за обнова и развој одобри кредит во вредност од 9,1 милиони евра за овој проект.

kesh1

Хибридните електрани на инвеститорите им носат заштеди во трошоци на име мрежарина и складирање на електрична енергија, бидејќи со интегрирано управување операторот може да обзебеди постабилно снабдување. Комбинирањето на повеќе извори стана популарно со експанзијата на обновливите извори на енергија. Хидроелектраните обично располагаат со значителен простор за фотоволтаици. Норвешката компанија Statkraft оваа година ја инсталираше својата прва пловечка фотоволтаична електрана во Албанија, на акумулацијата на хидроелектраната Бања.

Испрати коментар

Scroll To Top