Четвртиот состанок за управување со проектот Јонско-јадрански гасовод (IAP – Ionian Adriatic Pipeline), се одржа во петокот во Тирана. На состанокот присуствуваа донатори, експерти и претставници на амбасадите во Албанија, кои разговараа за наредните чекори кон имплементација на овој значаен инфраструктурен проект, кој има стратешка важност не само за Албанија туку за целиот регион.
Предложениот Јонско-јадрански гасовод, ќе биде долг 516 километри, и ќе пренесува азербејџански гас низ југоисточна Европа. Тој исто така би бил поврзан и со Трансјадранскиот гасовод (TAP – Trans Adriatic Pipeline). Планирано е гасоводот да биде во екплоатација од 2020 година.