Насловна / Вести / Албанија добива пловечка соларна централа

Албанија добива пловечка соларна централа

Компнијата Statkraft Албанија потпиша договор со норвешката компанија Ocean Sun која развива соларна технологија, за испорака на пловечка соларна постројка со капацитет до 2MW на акумулацијата на албанската хидроцентрала Бања. Соларниот парк ќе се состои од четири пловечки единици, а секоја ќе има инсталирана моќност од по 0,5MW.  Вредноста на инвестицијата е 2,3 милиони евра. Треба да се нагласи дека станува збор за прв комерцијален договор за пловечка соларна технологија на компанијата Ocean Sun. “Тестирањето на новата технологија за пловечки соларни панели одлично се вклопува во стратегијата на Statkraft, за пораст на производството на обновлива енергија. Ако оваа технологија се покже успешна и потенцијално економски конкурентна, можна е поширока примена и на други локации“ вели  Christian Rynning-Tønnesen, извршен директор на Statkrafta.

banja-hpp

Ocean-Sun

Ocean Sun pilot.1000x562

Испрати коментар

Scroll To Top