Американскиот портал HydroWorld.com, извести дека спорот во врска со проектот за хидрцентралата Kalivaç решен е во корист на Албанија. Како што се истакнува, албанското Министерство за инфраструктура и енергетика, објавило дека Меѓународниот арбитражен суд (ICA) донел одлука според која Албанија не е виновна за прекинот на Договорот со италијанската компанија Hydro за изградба на хидроцентрала со моќност од 108 MW. Во согласност со тоа, Албанија има право на оштета од 202 милиони УСД. Од друга страна, најавено е дека проектот ќе биде реализиран преку некоја друга „посериозна “ компанија. Се работи з апроект во јужна Албанија, со кој планирано е да се произведуваат 336 GWh електрична енергија годишно. Вредноста на инвестицијата е проценета на 155 милиони УСД, и треба целосно да се заврши до 2020 година.