Министерството за инфраструктура и енергетика на Албанија, соопшти дека инвеститорите имаат рок до 16-ти март да се пријават за изградба на фотоволтаичната постројка лоцирана југозападно од Тирана. Албанија бара оператор за соларна електрана од 140MW. Јавниот избор ќе биде направен на 7-ми април. Ова значително комерцијално производство на електрична енергија е предвидено на површина од 122 хектари во Ремас, и уште 76 хектари во соседната општина Фиер. Министерката Балуку истакнува дека проектот е започнат во рамките на владините напори за разновидност во изворите на енергија. Моделот е изграден „чекор по чекор“ со помош на Европската банка за обнова и развој.
И Албанија е одамна веќе пред нас! ЕЛЕМ се испофали со 10MW фотоволтаик