Два акварели кои ги насликал Адолф Хитлер се изложени во галерија во главниот град на Иран, Техеран.
– Изложуваме акварели и од други сликари, но поголемиот број посетители доаѓаат поради сликите на Хитлер – изјави кураторот Golnaz Golsabahi на уметничката галерија Dafineh. Таа додаде дека многу луѓе во Иран не се свесни дека „крволочниот диктатор“ сликал.
Има малку информации за сликите, а Golsabahi претпоставува дека богат ирански колекционер ги купил двата акварели пред Исламската револуција во 1979 година. Потоа сликите се запленети и се во сопственост на државата.
Акварелите, најверојатно, се насликани во 20-тите години од 20 век во Виена, кога Хитлер се обидувал да живее од сликарство.