Насловна / Екологија / Активистите на „Гринпис“ на протест во нуклеарката Фесенајм во Франција

Активистите на „Гринпис“ на протест во нуклеарката Фесенајм во Франција

danger
Околу педесет членови на „Гринпис“, од Франција, Холандија, Белгија, Италија, Германија и од Полска, навлегоа во нуклеарната централа Фесенајм на истокот од Франција. Се работи за најстарата нуклеарна централа во Франција и со навлегувањето во нејзиниот простор, „Гринпис“ сака да го привлече вниманието на јавноста во врска со ризиците од француските нуклеарни централи за цела Европа.

Понатаму, „Гринпис“ сака да ја потсети француската влада да го одржи своето ветување за затворање на централата во Фесенајм, како  и на потребата да се направи вистинска енергетска транзиција во Франција. При инцидентот интервенирала француската жандармерија и уапсила дваесетина активисти.

Испрати коментар

Scroll To Top