Насловна / Вести / Активисти бараат демонтажа на два ветропарка во Норвешка, поради загрозување на правата на староседелците

Активисти бараат демонтажа на два ветропарка во Норвешка, поради загрозување на правата на староседелците

Еколошки активисти во Осло, се собраа пред Министерството за нафта и енергетика, на протест поради ветерните паркови изградени на територија на која Лапонците традиционално се занимаваат со сточарство. Имено, изградбата и работата на две вакви електрани им наштетува на пасиштата за изрваси. Врховниот суд на Норвешка уште во октомври 2021 година пресудил дека ветерните паркови на поуостровот Фосен во централниот дел на земјата го загрозуваат овој народ, и го попречуваат во традиционалниот начин на живот. Спорните постројки имаат вкупно 151 ветерна турбина, со што се обезбедуваат потребите од електрична енергија на околу 100.000 домаќинства.

fosen1

fosen2

Со оглед дека владата повеќе од 500 дена ја игнорира одлуката на највисоката судска инстанца, околу 200 демонтранти го блокирале влезот во споменатото министерство и уште во неколку институции. На протестите се придружила и активистката Грета Тунберг. Во Министерзтвото з анафта и енергетика се надеваат дека ќе пронајдат компромисно решение, но напоменуваат дека им треба време. Тунберг изјавила за медиумите дека протестот не е во врска со противењето на ветерните електрани, туку дека климатската транзиција не може да се случува на штета на правата на народите староседелци. Регионот Лапонија, опфаќа делови од Норвешка, Финска, Шведска и Русија. Оператори на ветерните електрани во ова подрачје се германски Stadtwerke München, норвешките државни компании Statkraft и TrønderEnergi и швајцарските Energy Infrastructure Partners и BKW. Двете спорни построенија се дел од комплексот „Фосен“, еден од најголемите во Европа, составен од шест ветерни паркови. Вкупната инсталирана моќност е 1,06GW од вкупно 277 ветерни турбини.

fosen3

 

Испрати коментар

Scroll To Top