Насловна / Вести / Ако не се најде решение, на 15 јануари блокирање на сите загадени градови

Ако не се најде решение, на 15 јануари блокирање на сите загадени градови

Граѓаните масовно се собраа пред Владата во Скопје да го искажат својот револт кон власта за недоволната грижа за енормно загадениот воздух. Тие им дадоа ултиматум на надлежните доколку до 15 јануари не се преземат мерки против загадувањето, тие ќе ги блокираат загадените градови.

Присутните делеа заштитни маски, а поставија и макета од бели дробови пред Владата. Сите побараа почитување на едно од основните права загарантирани со Уставот – чиста и здрава животна средина.протест

Тие велат дека власта е единствена која може да го спречи загадувањето и преку пароли ги потсетија дека и тие и нивните деца го дишат истиот воздух.

Во однос на индустриските капацитети, предложија забрана за работа на оние со интегрирана А и Б дозвола, во услови кога концентрацијата на ПМ10-честичките е над дозволената граница во последните 24 часа.

До градежните компании упатија апел, кога воздухот е енормно загаден да престанат со активностите за да се намали емисијата на прашина.

Демонстрантите носеа пароли на кои пишуваше „Ставете филтри , макар и барок“, „Уаа дрвосечачи“, „Јас не можам да дишам, а ти??“, „Вие и вашите деца каков воздух дишете“, „Стоп смог“…протест1

„Ако до 15 јануари не се имплементираат мерките, најавуваме блокади и протести во сите градови кои се загадени, се додека не почне вистински да се презема нешто“, изјави пред присутните водителот и активист Огнен Јаневски најавувајќи ги барањата од овој протест.

„Џабе ги китите нашите градови за Нова година, инвестирајте во нашите градови да бидат чисти и да може да се живее. Вратете го нашиот воздух, модернизирајте ги фабриките, почитувајте го Уставот и меѓународните конвенции , џабе бел барок за црни души“, истакна Адријанит Џафери од „Еко Герила“.

Студентот и креатор на апликацијата „Мој воздух“, Горјан Јовановски истакна дека загадувањето е најголемо од 15 часот попладне до 3 часот по полноќ, што укажува дека еден од најголемите загадувачи е загревањето на домовите.

Ангела Илиевска од „Ќе дишеме или ќе издишеме“, изјави дека е револтирана, бидејќи надлежните во кризни состојби делат само препораки.протест2

Александра Бујароска од Фронт 21/41  пак најави дека нема повеќе да чека ветерот и дождот да го средат проблемот, кога во 21 век во земјава никој не испитал од каде точно доаѓа загадувањето. Таа побара надзор над носењето на законите.

Протестот беше масовен и помина без инциденти.

Еден коментар

  1. ako ne im se pereni gacite pak nekoj ce im bide kriv ,abe odete doma i uzivajte vo zivototo cel svet e zagaden,da ne ne treba jas da se gream na drva ?

Испрати коментар

Scroll To Top