Насловна / Ентериери / Акциски канцелариски систем

Акциски канцелариски систем

00-action_office_II_1968_drawing-

Како резултат на диференцијацијата на производственото работење и порастот на сервисните фирми, како што се банките и консултантите, адвокатските фирми, компаниите за осигурување и провајдерите на здравствени услуги, исто како и зголемената улога на науката во бизнис администрацијата развиена во втората половина на 20 век, разните структурни задачи за складирање можат да се извршат во големи канцеларии со отворен план.

Неперсоналната, строго хиерархиска и вертикално структурирана канцелариска просторија и стриктниот поредок на малата административна канцеларија, која обезбедува малку мотивација кај вработените и е во конфликт со модерното разбирање на работата, беа отстранети – новите идеи беа инспирирани од неопходноста да се соработува на проектните задачи како тим.

Тимовите се хоризонтално структурирани. Ова е изразено во широчината и отвореноста на големите простории. Тие креираат добра атмосфера како и транспарентност на работата. Канцелариите со отворен план ја имаат таа предност што вработените можат да се гледаат меѓу себе и брзо да разменуваат мислења и идеи. Канцелариите со отворен план би требало да промовираат соработка, дипломатија и комуникација, при што вработените, исто така, би требало да бидат повеќе мотивирани.03-Raspored pod razli;ni agli-raznoliost vo prostorot

Распоред под различни агли – разноликост во просторот

Соработката и тимската работа се исто така изразени во канцелариите со отворен план преку аранжманот на работните маси. Тука, ниту една работна маса не е центар на просторијата, туку бројните работни елементи формираат бројни центри, со што структурата на просторијата се формира преку расфрлани еднакви работни простори.

Но, само после неколку години стана јасно дека канцелариите со отворен план имаат недостатоци од аспект на работењето. Почетната еуфорија ѝ отстапи место на реалноста дека аранжманите со отворен план се тешки за концентрирање како резултат на континуирано движење на вработените и клиентите низ просторијата, при што тие се бучни, нудат само неколку можности за адаптирање на светлото, температурата и работниот простор спрема индивидуалните потреби и обезбедува ограничена приватност.

Затоа, во внатрешноста на канцелариите со отворен план се развија мали, заштитени простори. И покрај тоа, идејата за комуникација и тимска работа самата се етаблираше. Настрана од структурирањето на работниот простор, социјалната компонента која е карактеристична за канцелариите со отворен план, помага да се детерминираат канцелариската разместеност (аранжман) и структурата на елементите од мебел. Експанзијата на услугите, административните активности и должноста за складирање значи дека секоја акција, како приватна, така професионална – имаат и придружна канцелариска должност. Затоа, дваесеттиот век е време на развој на различните канцелариски форми, какви што се групните канцеларии, кабини во канцеларии со отворен план, канцеларии за две или повеќе лица, домашни канцеларии и мини канцеларии.01-robert-propst

Дизајнот на познатиот американски дизајнер Роберт Пропст, 1921-2000, (Robert Propst) претставува пресвртница во перцепцијата за канцеларија, a e наречен кабинa (cubicle). Кабините беа, всушност, функционалните единици на првиот структурен систем на канцеларии со концепт на отворен план наречен Акциски канцелариски систем (The Action Office System).

02-Akciska kancelarija-razli;ni visini na sedenje

Акциска канцеларија – различни висини на седење

Со него се редефинираат принципите за тоа како еден канцелариски простор би требало не само да се организира туку и како би требало да изгледа. Роберт Пропст радикално го трансформира канцеларискиот простор, а со тоа и човековото однесување на работното место. Меѓутоа, односот на вработените кон ваквиот дизајн не бил секогаш позитивен, но, и покрај контрадикциите што се јавувале во јавноста, овој производ на познатата американска индустрија за мебел „Херман Милер“ (Herman Miller) се произведуваат повеќе од 40 години. Главната идеја на „кабините“ била да се зголеми флексибилноста и функционалноста преку комплетно подвижни канцелариски единици, при што плановите можат лесно да бидат ремодифицирани и реконфигурирани со едноставно демонтирање на постојната организација и монтирање на сосема нова според новите потреби на организациската работна структура на одредена компанија. 04-razlicni moznosti na koncemtracija no i zaednicka rabota

Различни можности на концентрација но и со заедничка работа

Со ваквиот дизајн во далечната 1968 година, дизајнерот водел сметка и покажал грижа за оние работници на кои сакал да им понуди многу пофлексибилен и флуиден модел на организација на канцеларискиот простор, кој требало да им излезе во пресрет на просторно-функционалните барања на различниот модел на одвивање на интелектуалната работа. Инаку, Кабината (Cubicle) на Роберт Пропст е мини канцеларија и претставува целосно опремена просторија од четири метри квадратни.

05-Vlezna partija-priem

Влезна партија – прием

Во оригиналниот дизајн на Акциската канцеларија (Action Office) на Роберт Пропст, кабината всушност била колекција на средно-големи прегради кои не го затворале комплетно работникот, туку биле наместени под одреден агол casino online за да обезбеди индивидуален работен простор, за да се избегне чувството дека колегите ви го напаѓаат вашиот личен простор преку целиот работен ден. Генералниот распоред на канцеларијата на Пропст била креирана или под агол од 900 или под агол од 1200, така што вработените не гледале еден во друг. Со тоа тие се фокусирале подобро на работата што во тој момент ја работеле.06-Rusenje na konceptot-monotoni pravoagolni prostori

Рушење на концептот – монотони правоаголни простори

Нормално, дизајнот-канцеларијата на Пропст продолжила да се развива и подобрува низ следните години, така што станала носител на едно златно време на ефикасната канцеларија, како што наведуваат авторите што ја следат еволуцијата на канцелариските простори. Новото нешто доаѓа на почетокот на осумдесеттите години од минатиот век, а тоа е појавата на персоналните сметачи кои од корен ја промениле технологијата на извршување канцелариски и административни работи. Она што се случило на полето на дизајнот на ентериер не го следело веќе споменатиот технолошки напредок. Имено, постојната акциска канцеларија само се поедноставува во квадратни простори со повисоки прегради, така што се креирале еден вид индивидуални канцелариски простори без влезна врата, ортогонално разместени низ просторот на канцеларијата со отворен план.07-metaform portfolio-naslednik na kabinata od 21 vek-Herman Miller

Метаформ портфолио – наследник накабината од 21 век – Херман Милер

Со ова само се извулгаризирала идејата на Роберт Пропст, при што се напуштила идејата за флексибилен и разновиден канцелариски простор со изразита компонибилност на структурните елементи. Преградите, кои биле извонредно дизајнирани и со мерка димензионирани, сега прераснале во масивни ѕидови кои ја креирале сликата на канцеларискиот пејзаж. Со ваквиот распоред и дизајн на кабините се нарушил и основниот концепт на акциската канцеларија – споделување на информации и знаење помеѓу вработените, зашто тие имале своја лична канцеларија без каков било контакт со колегите околу себе. Ваквите канцеларии често ги нарекувале и „фарма со кабини“.

Верзии на оригиналните акциски канцеларии сè уште се достапни преку нивниот производител, компанијата „Херман Милер“, една од најголемите светски произведувачи на мебел. Огромен број на лица во САД и денес работат во ваков тип на канцеларии. Во оваа компанија постојат скици на брилијантни идеи кои сè уште не се реализирани во американските канцеларии, зашто се поскапи од обичните, а корпорациите главно сакаат да ги скратат трошоците за да бидат конкурентни на глобалниот пазар или да го зголемат профитот.

Роберт Пропст умрел во 2000 година брендиран како „Пронаоѓач на канцеларијата – кабина“, а пред крај од својот живот рекол: „Една од најглупавите работи што можеш да ги направиш е да седиш во еден простор и да дозволиш светот да помине покрај тебе“.

проф. Мишко Ралев, Факултет за архитектура и дизајн при УАКС

Испрати коментар

Scroll To Top