Граѓаните на општина Гази Баба до 28 мај ќе можат да се ослободат од своите неупотребливи електрични и електронски уреди во рамки на проектот на општината за собирање електричен и електронски отпад. Тие потенцијално можат да станат и добитници на вредни награди.
Секој полнолетен граѓанин кој ќе достави отпаден електричен или електронски апарат во еден од еко магацините на Елколект лоцирани на територија на Општина Гази Баба станува потенцијален добитник на вредна наградна. Еко магацините на Елколект во општина Гази Баба се лоцирани на улицата „Лазар Поп Трајков“ бр. 26 Автокоманда и на улица „6“ во село Стајковци. Наградната игра е во спонзорство на Елколект ДОО.