Општина Ѓорче Петров во соработка со друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ го означи почетокот на големата летна акција за бесплатно собирање електричен и електронски отпад од домовите на територија на општината.
Жителите на Ѓорче Петров ќе имаат можност, доколку имаат потреба, со вртење на телефонскиот број 070 236 000 да пријават за бесплатно од прагот на домот да им биде преземен габаритен уред како шпорет, термопечка или фрижидер што не им е потребен. На телефонскиот број ќе остават име, адреса, кој уред го поседуваат и контакт, по што ќе им биде излезено во пресрет. По истиот принцип граѓаните може да пријават габаритен отпад и во најблиската урбана или месна заедница во Ѓорче Петров или во „Нула отпад“ на телефонскиот број 02 3 256 309.
Воедно, во рамките на акцијата, пред трговскиот центар „СП Планет“ во Ѓорче Петров веќе е поставен контејнер, кој исто така служи како место за оставање електричен и електронски отпад за оние граѓани што може да го транспортираат.