Насловна / Вести / Акција „Сонце за Виена“

Акција „Сонце за Виена“

Sonce za Viena1
Во Виена неодамна започна акцијата „Сонце за Виена“, чија цел е поголемо искористување на соларната енергија. Со оваа акција им се овозможува на сите граѓани да учествуваат во зголемување на искористувањето на соларната енергија, односно во поставување на соларните централи. Во Виена околу 50% од сите површини на покривите се погодни за инсталирање на фотоволтаични централи, а годишниот број на сончеви часови изнесува 2200. Инаку, Виена има изработено и Катастар на соларниот потенцијал кој покажува кои површини се најпогодни за инсталирање на фотоволтаици.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top