Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Паркинзи на општина Центар-Скопје денеска ќе испрати свои екипи за помош на терен во најзагрозените подрачја. Дел од деловните простории на претпријатието ќе бидат ставени во функција на сместувачки капацитети за згрижување на луѓето од кризните региони.
Во согласност со своите надлежности, претпријатието ќе обезбеди и користење паркинг места во катната гаража „Судска палата“ за чување на автомобилите во сопственост на граѓаните од кризните региони, со цел спречување на дополнителни материјални штети.
– Сите оние кои се во можност да донираат храна, вода, лекови и средства за лична хигиена можат да ги остават своите донации во просториите на претпријатието, по што ќе бидат транспортирани до оние на кои им е најмногу потребна нашата помош – информира Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Паркинзи на општина Центар-Скопје.
Дополнително, тие на својата фејсбук страна соопштија дека пајак службата на претпријатието ќе биде на располагање на сите граѓани кои имаат потреба од интервенција на заглавени возила од поплавите на територија на општината Центар.