Околу 2,6 милиони садници ќе бидат засадени во среда ширум земјата во рамки на акцијата „Ден на дрвото“.
Планирано е околу 1,5 милиони садници да бидат засадени во Скопје, посебно во урбаните делови на градот, покрај булеварите, парковите, на кејот…
„За град Скопје обезбедивме 1,5 милион садници од кои 260 000 се за строгиот урбан дел на градот, од овие 10 -12 илјади дрвца се висококвалитетни, остатокот се предвидени за околината, вклучувајки ја и Обиколницата каде што беа поплавите“, рече градоначалникот Коце Трајановски.
ЈП „Македонски Шуми“ обезбеди 450 000 садници, од кои за Битола 200 000, Тетово 100 000, и Кичево 100 000 кои исто така ќе бидат во урбаните делови од градовите.
Покрај автопатот Демир Капија – Смоквица и во општина Дојран ќе бидат засадени леандри. Во Скопје, голем дел од садниците ќе бидат поделени и низ домаќинствата.
Акцијата првпат се одржа во 2008 година и досега се пошумени речиси 13 000 хектари со над 35 милиони садници.