Мноштвото математички формули, па дури и познатиот портрет со исплазен јазик на Алберт Ајнштајн се исцртани на две фасади на една од зградите во Студентскиот град во Софија. Авторот на овие фасади е Јоан Тодоров, 28-годишен уметник кој претходно завршил математичка гимназија, па математиката му е голема инспирација.
Специјално за формулите на зградата, тој си купил учебник по виша математика. Целта му била фасадата да изгледа како отворена книга.
Делата на овој уметник кој работи во Софија уште од својата 18-та година, може да се погледаат на неговата фејсбук страница –Ioan Todorov-Jony.