„Епл“ од оваа година ќе почне со производство на телефони „Ајфон“ во Индија, бидејќи компанијата настојува да го искористи силниот раст на индиската средна класа, во услови кога продажбата во Кина се намалува, соопшти претставник на Владата на јужната индиска сојузна држава Карнатака.
Американскиот гигант не го потврди овој чекор, но извршниот директор на „Епл“ Тим Кук минатата недела најави дека компанијата има намера „значајно да инвестира“ во Индија, каде стопанскиот подем овозможува доволно можности за раст.