Игралиштето изградено како оаза на свеж воздух за децата кои живеат во еден од најзагадените европски градови, Варшава.
Проектирано од лондонското биро ecOLogicStudio, AirBubble е интерактивно игралиште кое се напојува со соларна енергија и вклучува еден многу невообичаен инженерски елемент – микро алги за прочистување на воздухот.
Секој пат кога детето ќе скокне на некоја од пумпите за вода во паркот, се активираа 52 реактори за микро-алги, кои им овозможуваат на растенијата да складираат СО2 и ослободуваат со голема брзина свеж кислород на игралиштето.
Истовремено, звук на меурчиња на алги е додаден за да се создаде мирна атмосфера и да се поништи загадувањето од бучавата од прометните сообраќајници во тоа подрачје.
Од отворањето на игралиштето во мај, оваа технологија веќе докажа дека ги намалува нивоата на азот и цврсти честички до 83 отсто, филтрирајќи околу 200 литри загаден воздух во минута.
Сместено до Центарот за наука Коперникус (Centrum Nauki Kopernik), игралиштето е опремено со јажиња, ножни пумпи и живи зелени и црни сфери.
„Неискористена е вредноста на внесување на био-интелигенцијата на природните системи во градовите, претворањето на зградите во живи машини кои произведуваат енергија, складираат СО2 и го чистат воздухот“, вели Marco Poletto, ко-основач на ecoLogicStudio. „За да го постигнеме ова, треба да размислуваме за живиот свет како дел од тековната дигитална револуција: природата станува дел од новата био-паметна инфраструктура.”
Во иднина, ecoLogicStudio планира да создаде повеќе AirBubbles игралишта низ целиот свет.