Airbnb, популарната платформа за изнајмување односно нудење на приватно сместување, одлучи да оди еден чекор понатаму. Наскоро ќе лансира нова услуга како дел од споменатата платформа, која ќе биде наменета за туристи со поголема платежна моќ, кои досега Airbnb не ги земал предвид кога биле во фаза на потрага за сместување.
Во прашање е услугата со име Select со чија понуда ќе конкурираат на светските луксузни сместувања кои преферираат такви гости. Сите изнајмувачи кои ќе се одлучат да влезат во оваа категорија, треба претходно да исполнат серија услови, а во овој случај ќе се врши строга проверка при категоризацијата.
За возврат, тие од Airbnb ќе добијат на располагање фотограф кој ќе ги фотографира нивните сместувања, како и бесплатни консултации од експерти во врска со уредувањето на ентериерот.
Сервисот Select треба да започне кон крајот на 2017 година.