Насловна / Арт и дизајн / Air France прославува значаен јубилеј под слоганот: „90 години елеганција“

Air France прославува значаен јубилеј под слоганот: „90 години елеганција“

Познатата француска компанија Air France, на 7-ми октомври ќе прослави 90 години постоење. Создадена со спојување на пет авиокомпании во 1933 година, оваа компанија речиси цел век ја претставува Франција ширум светот, и како култура и како стил на живот, мода, кујна и дизајн. Имено, Air France е познат по елегантните униформи на својот екипаж, дизајнирани од страна на познати имиња како Кристијан Диор, Кристобал Баленсијага и Кристијан Лакроа. По повод прославата на 90-тиот роденден, Ксавиер Ронзе, главниот костимограф во балетот ан Париската опера, дизајнирал пет фустани од кои секој отсликува по едно одбележје на компанијата: технологијата, модата, познатите постери, кујната и дизајнот. Овие фустани како и историските униформи на Air France, ќе бидат прикажани на изложба во познатата париска стоковна куќа „Галерија Лафајет“, од 28-ми септември до 10-ти октомври. Во текот на изложбата ќе бидат организирани и модни ревии со униформите на разни профили професионалци на компанијата низ историјата, како дел од идејата да се претстави визуелниот идентитет на Air France.

airfrance1

airfrance2

Посетителите на изложбата ќе можат да купат и оригинален прибор за јадење потпишан од сликарот Жан Пикар Ле До, кој бил користен во првата и во бизнис класата во периодот од 1966 и 2000 година. Приходот од продажбата ќе биде дониран на фондацијата основана од Air France која пружа поддршка за децата ширум светот. Исто така, ќе бидат изложени и модели на стари и нови воздухоплови, историски разгледници, како и дизајнерски чанти и постери. Деведесетте години елеганција на оваа авиокомпанија не се отсликува само во соработката со најголемите имиња од светот на модата, туку и со готвачи носители на Мишелинови ѕвезди и со најдобрите светски сомелиери, кои ги создавале менијата и винските карти на летовите на Air France.

airfrance3

Денес, Air France е една од најголемите европски авиокомпании која нуди речиси 1000 летови дневно на 200 дестинации, со флота од над 240 авиони. Пред 90 години и Белград се нашол на мапата на Air France. Имено, тогаш е востановен лет под името Flèche d’Orient (Источна стрела). Оваа „стрела“ го поврзувала Париз со Прага, Варшава, Виена, Будимпешта, Белград и Букурешт. Тогаш летот од Белград до Париз траел 11 часа.

airfrance4

Испрати коментар

Scroll To Top