Конфигурацијата на седиштата во авионот ќе биде променета од сегашните 2-3-2 во сосема нова 1-2-1 , во која секое седиште ќе има директен пристап до патеката. Овој редизајн и подобрување на бизнис класата е дел од планот на Air France за подобрување на условите за патниците во текот на долгите патувања. За целиот проект издвоиле повеќе од 687 милиони долари. Па така, 2.102 нови седишта ќе бидат вградени во 44 Boeing 777 авиони. Овие авиони чинат повеќе од половина од нивната флота.
За време на дизајнирањето на новите седишта, на ум ја имале приватноста и удобноста, а ги дизајнирал познатиот експерт за индустриски дизајн Mark Collins. Тој веќе имал работено на кабините на познатите Airbus и Lufthans. Со својот необичен облик, седиштата обезбедуваат доволно приватност и личен простор за патниците. Направени од комбинација на кожа и луксузно мек и нежен текстил, седиштата постигнуваат супериорен комфор. Доколку е потребно, овие седишта се трансформираат во кревети.
Што се однесува до релаксација и забава, овие седишта се опремени со HD touchscreen од 16 инчи, со пристап до околу 1.000 часа на ТВ серија и филмови. Исто така, постојат и USB портови, електрични приклучоци и слушалки за намалување на врева, па патниците можат во мир да работат додека патуваат.