Насловна / Архитектура / Антропологија на Крива Паланка

Антропологија на Крива Паланка

antropologija_kriva_palanka.jpgИнтервенцијата е во Турското
маало, кое во тоа време
се нарекувало “убаво
маало“. Самото место говори
многу, во поглед на неговото
настанување, развојот што е
детерминиран од самиот “live
style” на самите корисници кои се
стремат кон голема приватност,
оградувајќи се со високи ѕидови
за разграничување на приватното
од јавното и за заштита од
љубопитните погледи. Начинот на
живеење во маалото ги отежнува
сите меѓусебни релации.

Поради тоа, ние се насочивме кон идејата
да интервенираме во една насока,
но почитувајќи ги сите претходни
навики во маалото, за да го зачуваме
духот и автентичноста на тоа
место. Со помош на мапирање на
препознатливи елементи: приватно,
јавно и просторот помеѓу, долж
улицата во маалото, по пат на
декомпонирање на основната
слика преку техниката “cut out”, ги
препознавме основните елементи
од кои е компонирана нејзината
социјална слика. Овие елементи
се обидовме да ги дефинираме
преку архитектонски поими и
фотографии, за да можеме полесно
да оперираме. Идејата беше да
пронајдеме медиум преку кој
би можела да се појави некава
меѓусебна интеракција во тој простор
помеѓу . Замислата се состоеше во
тоа да ја зачуваме автентичноста
на камените ѕидови кои остануваат
во целост и да поставиме нов ѕид
кој ќе има својство на “програмска
инсталација“, т.е. се појавува на
места каде е можна интервенцијата.
Ѕидот е од алуминумски панел кој
ќе делува неутрално и ненаметливо
во местото. Овој медиум во себе
поприма и разновидни фукциии,
како седење, остава за дрва, отвори
за комуникација, стреи и сл. На
тој начин, дел од содржините
во приватните дворови сега
присуствуваат и во јавниот простор,
улицата. Дворовите со својата
вегетација ја преминуваат границата
на зидот и се распростираат по
улицата во одредени фрагменти. Но
овој медиум, ѕидот, не е статичен, туку
трансформабилен, т.е функционира
на приципот на отворање и на
затворање, со што може да одговори
на различни барања во одредени
периоди и потреби. Со тоа што овој
простор е флексибилен и постојано
е во еволуција, го збогатува маалото
со својата програмска вариабилност.
Така, со оваа интервенција би се
оствариле интеракција помеѓу
приватното и јавното, односно
релација помеѓу дворовите и
улицата, со што самиот простор би
протекувал во двете насоки.

Христијан Ивановски,
Андреј Прошевски

antropologija_kriva_palanka2.jpg

 

 

Отвореноста на населбата Бадлак,
отвореноста на жителите
кон случајните минувачи,
приклучувањето на случајните минувачи
во животот на населбата, како и првиот
контакт на жителите со непознатите,
ја оформува клучната точка (точката
на преговарање). Во рамките на цела
населба, оваа точка во архитектонска
концептуална смисла, се претвора
во лента на преговарање, која ја
надминува приватноста на поединецот.
Со пристапување на посетителите
во населбата, се создава чувство на
наплив на непознати кон жителите на
населението и нивните куќи, кое од
една страна претставува проблем, а од
друга страна пак, поради топографијата
на теренот и визуелниот контакт,
нуди психолошка сигурност. Оттука,
топографијата на теренот наложува
акомодација на населението кон
новонастанатата ситуација. Така
се појавува една нова димензија
наречена развој, која подразбира
не само развој на поединецот, туку
претставува развој и на населбата.
Ние не предлагаме голема промена во
населбата, туку правиме само физичка
маркација на тоа што значи приватно
и јавно. Визуелно го задржуваме
елементот наречен заеднички двор.
Сите точки на преговарање се
претвораат во лента на преговарање.
Со прекинување на континуираната
лента, по пат на додавање на содржини –
лоцирање на веќе постоечки содржини
во одредени точки – тераси, кои по
потреба се пренаменуваат (плуг анд
плаѕ). Со поставување на оваа лента
на преговори и тераси со различни
содржини, се задржува квалитетот на
комуникација, но од друга страна се
поттикнува приватноста на поединецот.
На тој начин се овозможува насочување
на посетителот да ја користи главната
улица, социализација во самиот
јавен двор, како и контролирање на
напливот на непознати посетители
во дворовите на населението. Од
друга страна се создава чувство на
заедништво, чувство на сигурност, како
и прегледност кон дворовите и градот. Јета ИЛЈАЗИ

 

 

 

По запознавањето со делот
од градот во кој сите згради
се изградени непосредно по
Втората светска војна, дојдовме до
заклучок дека жителите во истата
населба се соочуваат со неколку
главни проблеми. Тие деновите ги
поминуваат во својот двор – нивната
втора “дневна соба“, која е заедничка
за сите станари во зградата, па
оттаму произлегува проблемот
на недостаток на приватност. Во
истиот тој простор се извршуваат
повеќе функции. Меѓу другите, како
најкарактеристичен во овој реон,
како и во цела Крива Паланка, е
проблемот на складирање дрва за
огрев, што воедно се јавува како
главна функција во задните дворови
на овие згради. Паралелно со оваа
функција се јавува и гаражирањето
на автомобилите на станарите, како
и нивното одржување. Истовремено,
својот двор тие го користат и како
летна кујна, а и за чување на домашни
животни. Овие функции, кои се
провлекуваат низ сите локации, не
натераа да размислуваме за нивно
обединување во еден прототип
на „складиште“. По краткото
запознавање со луѓето што живеат во
оваа населба и разговорите со нив,
добивме идеја да ги поврземе сите
овие функции кои се извршуваат во
нивните дворови во една единствена
целина. Имавме на ум дека дворовите
се мали по површина и се заеднички
за четири семејства, па не сакавме
производот да биде гломазен и
неподвижен, односно сакавме
да добиеме нешто што ќе биде
истовремено виткаво и мобилно,
за да може дворната површина
да се користи и за други намени.
Со спојување на овие различни
функции, добивме еден хибриден
модел за сите дворови и семејства,
кој со негово мултиплицирање и
поврзување овозможува извршување
на функции кои би биле од корист за
станарите од целата зграда, а не само
за едно семејство. Новодобиениот
“склад” во себе содржи капацитет
за складирање на 3,5 кубни метри
дрва, простор за чување живина, мала
летна кујна и прибор за одржување
хигиена на автомобилите. Овој склад
не е фиксиран за одредено место,
туку може да се поместува низ дворот
кога е празно. Со поставување на
ваква единица за секое семејство,
во дворовите на зградите ќе се
ослободи огромен простор, а тоа ќе
овозможи користење на зелените
површини за рекреација.

 

Маја Даскаловска,
Мила Габунија

Испрати коментар

Scroll To Top