Насловна / Вести / Домот на операта – одамна видено кај нас?

Домот на операта – одамна видено кај нас?

domot_na_operata_thumb.jpgКога скопјанец ќе дојде во Осло и оддалеку ќе го види белото здание на Операта и
балетот, првата мисла е „многу личи на зградата на нашата Опера и балет“, па мислата
продолжува „Норвежаниве ја копирале и ја доразвиле идејата стара десетици години“.

Да се види едно ремек-дело
на светската архитектура
претставува големо
задоволство. Особено ако тоа
е потврдено и со престижни
архитектонски награди.
Задоволството е уште поголемо
ако станува збор за модерна
архитектура. Посетите на ширум
светот познатите архитектонски
творби значат средби со минатото,
независно дали тие настанале
неколку илјади години пред
новата ера или подоцна, средниот
век, ренесансата, класиката или
модерната, или до крајот на 20
век. Посетата на Домот на опера
и балет во Осло, што ќе влезе
во историјата како здание кое
го одбележува почетокот на 21
век, е средба со иднината.

 
domot_na_operata_1.jpg

Кога скопјанец ќе дојде во Осло и
оддалеку ќе го види белото здание
на Операта и балетот, првата
мисла е „многу личи на зградата на
нашата Опера и балет“, па мислата
продолжува „ Норвежаниве ја
копирале и ја доразвиле идејата
стара десетици години“. Секогаш
кога ќе го видам зданието на
нашата Опера и балет ме плени
со модерната форма. Во годините
по нејзиното отворање често се
шегувавме дека словенечките автори
направиле „скокалница“, поттикнати
од скокалницата во Планица. Но,
како минуваат годините вкусот
се менува и шегите остануваат во
спомените. По посетата на Осло се
зацврстува констатацијата дека и
ние имаме со што да се гордееме во
поглед на модерната архитектура.

 

Ако се качите на врвот од Домот
на операта и балетот во Осло,
далеку од спротивната страна на
еден од ридовите се гледа позната
скокалница Холменколен. Ако од
неа се спуштате на падините од
ридот, од зданието на Операта
и балетот се спуштате право во
морето. Не знам дали тоа излегува од морето и потонува во него.
Најверојатно, станува збор за
голем бран кој тукушто плиснал
од фјордот и се скаменил во бел
мермер. Неверојатен спој на камен
и вода. Жалам што новите зданија
покрај брегот на Вардар го оскатија
спојот на нашата Опера и балет
со реката. Но тоа е на душа на
планерите и архитектите, особено
„главните“, а не на новинарите.

 

Во Норвешка долги години се
воделе расправи каде да се изгради
Дом на операта и балетот неопходен
за народот. Место во кое ќе се
создава, ќе се изведува, ќе се игра.
И конечно, на залезот од минатото
столетие одлуката е донесена. Ќе се
гради во Бјервика во малиот залив
во фјордот, непосредно до центарот
на градот, стотина метри оддалечен
од Централната железничка станица.
Работите започнале во 2004 година,
а завршиле по три години. На
површина од 38.500 метри квадратни,
што копно, што дел одземен од
морето, е подигнат архитектонски
споменик во слава на народот.
domot_na_operata_2.jpgА не во слава на нарачателите –
инвеститорите. Во хрониките од
отворањето може да се прочита
дека норвешката држава со народни
пари, околу 400 милиони евра, е
главниот инвеститор. Како потврда
дека се работи за објект од народот
и за народот е фактот што државата
отворила јавна расправа за 350
архитектонски пријави со понуди на
конкурсот. На тој начин да се одбере
архитектот. Во неа учествувале
70.000 Норвежани. Секој од нив
кажал по некој збор. А не како кај
нас, да се гради со народни пари без
да се чуе зборот на Асоцијацијата на
архитектите, а камоли на народот.
Дури и на денот на отворањето,
што почнал после шест часот
попладне и траел до после полноќ,
главниот збор го имал народот.
Се пеело, се танцувало, мноштво
арии, балети, музика…Хроничарот
пишува: „Влијанието на народот
беше видливо и таа саботна вечер.
Пееше хор од 450 луѓе облечени
во народни носии. Го изведоа
„Хорот на Евреите“ од Верди. Не
беа професионални пеачи. Секоја
област од Норвешка обезбеди еден
обичен граѓанин да го пополни овој
хор-армија. Како да пееле „Нам,
луѓето, ни припаѓа овој театар“.
Проектот за Домот на операта и
балетот во Осло е дело на студиото
„Снехета“ од Осло. Архитектите
се зафатиле со сериозна работа.
Направиле објект над земја (над
вода) и под земја, да не речеме под
вода, бидејќи една половина од зданието е изградена на површина
одземена од фјордот. И затоа личи
како потопено во неа. Ако се качите
на покривот од зданието ќе видите
дека двете негови страни што се
спуштаат кон морето постепено
се стеснуваат до нивниот пад во
водата. И повторно истиот впечаток
како од Скопје, дека се работи за
огромна зимска скокалница! Се
скока од покривот, а доскокот е
во партерот, а ако сте имале долг
скок и во морето! Но разликата е
во тоа што по оваа „скокалница“
се шета народ. Нагоре, надолу, по
мермерните скали или по плочите,
сеедно. Па, одмор некаде при врвот
или во кафеата во приземјето,
земање здив и некое парче храна и
насладување на убавата околина.
Насладување на фјордот и на
градот. Се ви е како на дланка.
И замислете, цело време чекорите по
мермерни плочи за кои Норвежаните
со посебна нагласка велат дека се
направени од мермер од Карара,
„знаете местото во Италија познато
по прекрасниот бел мермер“. Да ти
пукни жолчката, велат прилепчани.
Карара, Карара, а не Плетвар и
мермерот сивец. Според некои
податоци на објектот се поставени
38 илјади мермерни плочи.

domot_na_operata_3.jpg 

Фасадите, за разлика од мермерниот
покрив, се од алуминиум и стакло.
Но, Домот на операта во Осло
не е единствен само по својата
надворешна архитектура.
Внатрешноста е посебна приказна
за себе, како од архитектонски
така и од уметнички и технички
аспект. Најсовремено осветлување,
реверберацијата во главниот
салон, ги има три, е 1,9 секунди, без
преседан за зграда на опера, велат
познавачите. Осветлување е посебна
приказна – последен збор на
техниката. Лустер тежок 8,5 тони со
дијаметар од седум метри составен
од 5.800 рачно брусени кристали
низ кои светат 800 светлечки диоди.
Работата на уметниците се гледа
кога ќе влезете во внатрешноста на
зданието. За разлика од прекрасниот
мемер однадвор, внатре царува
дабот во многу нијанси. Се е
беспрекорно. Велат дури и тоалетите
биле уметничко дело. Хроничарот
забележал: „Вие одите во нешто што
личи на трепкачка метална решетка
(направена од Олефур Елиесон,
исландски уметник, кој пред неколку
години го сместуваше гигантското
сонце во Тејт модерн) и не се наоѓате во тоалет за мажи, туку во
дел на визуелен театар, каде што има
експлозија од писоари со скриени
огнови и кабини – бунт од мозаици.
Вчудовиден, се задржував таму
толку долго што ризикував да ме
уапсат за намерно безделничење“.

 

Посебна приказна се приодите
кон Операта и балетот. Имате
две можности да стигнете до
него. А можеби и три, сметајќи
го приодот од морето. Но треба
да се внимава. Тешките фериботи
можат да настрадаат, бидејќи при
изградбата на Домот на операта е
направена посебна бариера која
оневозможува тие да дојдат блиску
до неговиот раб кој е потонат во
морето. Пешаците што доаѓаат
од центарот на Осло, на стотина
метри од Домот на операта, ги
очекува приод направен од камен
со мало корито низ кое тече вода и
се слева по ѕидовите. Тој води до
надвозникот каде што на неговиот
влез им се посакува добредојде на
гостите. Поминувајќи низ тунелот-
надвозник стигнувате на тротоарот
пред Домот на операта, а оттука
рај за пешаците. Под металниот
надвозник има коловоз со шест
сообраќајни ленти резервиран само
за лесни возила, од кој може исто
така да се дојде до зданието. Целта
е тоа да се заштити од тешкиот
товарен сообраќај и вибрациите
што ги предизвикуваат тешките
возила. Инаку, до 2010 година низ
овој коловоз се одвивал интензивен
сообраќај. Но, неполна година
по изградбата на мермерното
здание, тешките товарни возила
се префрлени во тунелот што
минува под фјордот, а кој почнува
далеку од Домот на операта. И
повторно со мисла за Скопје.
Како ќе се одвива сообраќајот
околу нашата „скокалница“ и
сиот џган од згради околу него?

 

За архитектонските и други
вредности на Домот на операта
во Осло зборуваат многубројните
награди. Во 2008 година во
Русија победник во категоријата
архитектонски објект, во Барселона
победник во категоријата објект
од културата, Државната награда
на Норвешка. Во 2009 година
ја добива престижната награда
„Мис ван дер Рое“. Во 2010 година
Европската награда за јавен
простор, па награда за мермер,
глобална награда за одржлива
архитектура и други.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top