Насловна / Технологии / Годината што следи ќе биде уште понеизвесна

Годината што следи ќе биде уште понеизвесна

neizvesna-godina.jpgВеќе можам да кажам
традиционално, во декем-
вриските изданија на Порта 3,
токму на овие страници
правам скромна ретроспек-
тива и предвидувања за следната
година. Не дека, овие наводи ќе
поместат нешто тектонски, но барем
некакви принципи се запазуваат.

Во
секоја индустрија, Информатичката
Технологија игра голема улога, па
оттаму голем е и интерсот за текстови
од овој тип. Во Македонија, посебно
во делот на градежништвото, во време
на економска криза, малкумина се
интересираат за ИТ . Сепак стојам
на ставот дека кога тогаш ИТ ќе си
го заземе заслуженото место и во
радежништвото.

 

Иако ништо не се случува преку ноќ,
сепак растот на ИТ индустријата во
Македонија, небаре се случи преку
ноќ. Со стимулации и најразлични
проекти, Владата на Република
Македонија и горе-долу некои други
институции и субјекти, направија
земјава да се вброи меѓу оние
со најбрз ИТ подем. Иако растот
се однесува на користењето на
компјутери и интернет, сепак треба да
се напомене дека напорите одат во
правец Македонија да стане она што
Виетнам или Бангладеш во моментов
значат за ИТ светот, сериозен ИТ
аутсорсинг партнер. Кога добар дел
од населението ќе види дека може
добро да живее со инвестиција од
еден компјутер, интернет пристап и
соодветно образование, тогаш ќе се
развие свеста за ИТ . Сепак, ни тоа не
е доволно. За некоја година кога во
земјава бизнисот ќе профункционира
на основи слични како во развиените
земји, ќе почне трката за профит
или намалување на трошоците
преку целосно искористување на
можностите што ги нуди ИТ , па дури
и во градежништвото. До тогаш, оние
кои ќе побрзаат да ги подобрат своите
бизнис операции, ќе се здобијат со
предност пред конкуренцијата.

Но што се случуваше?

1.Преносните компјутери, популарни
како лаптопови, полека ги заменуваат
десктоп компјутерите. Светскиот
тренд дојде и кај нас. Се повеќе
компаниите се ориентираат кон
лаптоповите, бидејќи ценовно, а скоро
и по перформанси се „носат” со
гломазните десктопови. Придобивките
се очигледни: вработените стануваат
помобилни, а нивната работа
пофлексибилна /читај: можат и дома
за викенд да сработат нешто/. Како
паѓаат цените, а перформансите
се качуваат, лаптоповите ќе бидат
и следната година хит. Архитектите
повеќе нема што да очајуваат:
преносните компјутери во секој
поглед станаа достапни и за нив.

2.Интернетот тропа на секоја врата.
Дури и да не го сакате, тој доаѓа во
пакет со телевизијата или телефонот.
Ако само до пред некоја година АД СЛ
конекцијата беше луксуз, денес е
стандард. Интернетот е добар. Ќе ни
ги прошири видиците и ќе не научи
како да комуницираме меѓу себе
во новото доба. А кога ќе ни здосади
Фармата на Фејсбук, можеби ќе
се сконцентрираме на тоа како да
заработиме или барем да станеме
поконкурентни /читај: постручни/. Со
новите понуди, интернетот, во пакет со
останатото се повеќе ќе биде прису-
тен во македонските домаќинства.
Совет: Претставете го себе и својот
бизнис на интернет. Во злоба велат,
како што е Македонецот мрзлив,
купувањето од фотелја ќе стане хит.
Само уште да дојде до пари.

3.Иако имаше некои најави за
поригорозни акции против нелегалното користење на професионалниот
софтвер
, па и шпекулации дека
бизнисите ќе мораат да достават
потврди за легалноста на апликациите
што се употребуваат заедно со
завршната сметка, при поднесување
на проектите за барање за градба или
пак при конкурирање на тендер, ништо
од сето тоа. Македонија продолжува
со пиратеријата со процент од над 60
проценти. Во лоши економски услови,
без акции на дело за сузбивање на
пиратеријата, и следната година
ќе помине исто. Во услови кога
производителите на софтвер немаат
можност да продадат, немаат ни
интерес за присуство во земјава,
со сето она што го носат со себе:
корисничка поддршка, бројни стручни
манифестации итн.

Практично, ова се три теми за кои
и може нешто да се дискутира
во земјава, но страшно е колку
заостануваме зад останатите ИТ трендови во светот. така на пример, во светот се зборува за:

1.БИМ технологијата. иако е стара и веќе досадна тема,
новостите кои ги носи оваа технологија, се постојано присутни
во предвидувањата. можеби не со предвиденото темпо, но Бим
полека но стабилно навлегува во професионалната пракса на
инженерите. повеќе архитектите не зборуваат за проект, туку за
модел. нивото на квалитет на проектот се зголемува. Студијата
се решаваат за инкорпорирање на Бим технологијата во својата
пракса и поради победување на конкуренцијата, што досега се
покажа како делотворна.

2.Архитектонска реал-тиме визуелизација. Со напредокот на
ит, конечно се создадоа услови за појава на оваа напредна
визуелизација. покрај тоа, поради регистрираното губење на
работни места поради многу причини, се повеќе архитектонски
визуелизатори нудат ваква визуелизација по прифатливи цени,
за да ја победат конкуренцијата. доаѓа време кога т.н still-images
одат во минатото.

3. Облак-компјутинг/cloud computing.
ако оваа година многу се
зборуваше за оваа технологија,
следната се очекува истата да се
имплементира на повисоко ниво.
особено, откако мајкрософт
информираше дека ќе започне
со таква услуга. облак-компјутинг
е технологија која нуди употреба
на апликациите преку интернет, за
разлика од досегашното локално
инсталирање и користење на
програмите. Во поново време овој
израз ги опфаќа сите други слични
технологии, како што е SaaS – Software
as a Service итн.

4.Виртуелизација. поради кратење
на трошоците кои произлегуваат
од купувањето и одржувањето на
хардверот, се повеќе компании се
решаваат за мудро искористување
на можностите, па креираат
виртуелни машини кои се дел од
поголеми серверски станици. иако
оваа технологија не се прослави
нешто во 2009, сепак се очекува
нејзино постепено но сигурно
воведување во 2010.

5.Губење на работните места за ИТ
послабо поткованите архитекти
.
поради економската криза многу
архитектонски студија посегнаа
кон реорганизација, од која
директно настрадаа неколку
професии поврзани со процесот
на проектирање. на прво место,
настрадаа т.н драфтери, односно
техничари-исцртувачи, а веднаш
по нив и сите оние кои работат
архитектонски визуелизации итн.
практично, на товар на архитектите
паднаа сите дополнителни работи
околу проектите, но кризата не ги
поштедува ни архитектите. Студијата
се решаваат за оние кои можат да го затворат целиот проектирачки
процес, пред сите други. затоа, архитектите со подобри ит
способности го подобрија својот статус во компаниите и нивниот
оптимизам околу зачувување на работното место.

6.Гугл. Сите се во очекување на наредниот чекор на гугл. Се
очекува најавениот бесплатен оперативен систем, но и низа други
сервиси. досега се што излегло од „нивната кујна” е квалитетно, а
згора на тоа и бесплатно.

Ако се разгледаат предвидувањата за 2010 на неколку познати
ит колумнисти во светот, ќе се забележи нивна резервираност и
внимателност во проценките. годината што следи ќе биде уште
понеизвесна од 2009 и покрај оцените дека кризата е надмината.
македонија, ја чекаат неколку работи кои се директно или
индиректно поврзани со ит во градежништвото, како што се
евентуалното (не)добивање на датум за започнување на преговори
со еУ и очекуваниот одлив на работници по 19 декември. Во
најпозитивното сценарио, ќе има потреба од квалитетни проекти,
во најцрното отпуштање на архитекти. можно ли е ит да биде
сламката за која ќе се фатат архитектите и во двете сценарија?

Трајче СТОЈАНОВ дипл.инж.арх

Испрати коментар

Scroll To Top