Насловна / Форум / Добро е што власта има сенс за трајни вредности

Добро е што власта има сенс за трајни вредности

goran-patchev.jpgГоран Патчев, дипл.инж.арх.

 

….Отсекогаш во мојата кариера во архитектурата ме водела интуицијата кога се работи за процесот на проектирање и обликување на некој простор. Така и сега првиот впечаток беше интуитивен, а тоа ми кажуваше дека се работи за добра идеја, смела идеја. Во тој момент и не знаев дека дел од објектите веке се реализираат. Значи има и политичка заднина, а тоа е така кога владата е спонзор. Но, си велам, па и тоа е добро. Се присетив на европски метрополи каде ренесансните „мецени“ кои ја финансирале уметноста и изградбата во поранешните времиња, а од кои толку се фасцинираме кога ги посетуваме.

Па и тие биле власт во тоа време. Добро е што и оваа власт има сенс за
трајни вредности. Не можам да кажам повеќе за функционалниот аспект на
проектот бидејки не сум подлабоко навлезен во содржините и проблемите
со Скопскиот центар. Но, едно знам, додека минував подолг период во
Скопје за време на моето студирање, плоштадот многу слабо ме
привлекуваше, значи нешто фалеше што на еден центар му е потребно…
Сега одвај чекам да одам и да го видам новиот центар. 

 

А спомениците… Токму кога го пишував овој текст на телевизија имаше анкета на самиот плоштад, пред новите споменици на Гоце Делчев и Даме Груев. Прашањето беше: „Кој е Гоце Делчев?“. Бев изненаден колку од минувачите даваа штури и неточни податоци. Епа треба да се замислиме малце која е нашата историја и што знаеме за неа! Таа анкета ни го потврди одговорот зошто ни се споменици и ваков центар во Скопје – главен град на Република Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top