Насловна / Форум / Енергетски неефикасни градби?

Енергетски неефикасни градби?

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/petar-nikolovski.jpgПетар Николовски

 

Мојата професионална ориентација е во делот на градежната физика, така што нема да навлегувам во естетиката. Меѓутоа, се подготвува законска регулатива со која мораме да ги следиме европските директиви, кои се поддршка на протоколот од Кјото за намалување на влијанието од емисиите на штетни гасови. Според тие директиви при секоја реконструкција на стари згради мора да се води сметка за енергетската ефикасност .

Се прашувам дали проектантите, при  една ваква реконструкција на
зградите ја предвиделе обврската за подобрување на енергетската
ефикасност со оглед на тоа што стаклото е особено застапено кај овие
објекти. Претпоставувам дека акцентот е даден само на естетскиот момент
и  би посакал ова размислување да стигне до авторите на овој проект.

Испрати коментар

Scroll To Top