Насловна / Вести / Доделена Големата годишна награда за архитектура

Доделена Големата годишна награда за архитектура

nagrada_za_arhitektura_thumb.jpgНајдоброто реализирано архитектонско дело во Македонија за 2010 година е училиштето и градинката „Нова“ на архитектот Влатко Коробар кој е овогодишниот добитник на Големата годишна награда за архитектура на ААМ. Наградата ја обезбеди Македонската авторска агенција, а истата беше свечено врачена на добитникот од страна на претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов, кој е и покровител на манифестацијата.

Во трката за најпрестижното архитектонско остварување, годинава учествуваа осум трудови: трговскиот центар „Ата" во Тетово, проект на Александар Наумовски; катна гаража во Прилеп, дело на Билјана Филиповска и Ненад Раѓеновиќ; деловен објект GRAWE на Влатко Тасевски и Крсте Петков; монтажниот станбен објект „Еко хаус", труд на Ана Савевска и Елена Блажевска; индивидуален приватен станбен објект на Водно, дело на Мишко Ралев и Викторија Еремеева, и административно- деловниот објект „Сан Марко" на архитектот Ѓорѓи Мојсов.

Најголем конкурент на „Нова“
беше винарницата „Стоби“, дело
на авторите Викторија Ставриќ-
Радевски и Александар Радевски.
На отворениот конкурс
пристигнаа единаесет трудови, од
кои жири-комисијата во состав:
Никола Павловски, Олга Папеш,
Огнен Марина, Бојан Каранаков
и Ферати Армир, валоризираше
само осум. Според проф. Никола
Павловски, претседател на жири-
комисијата, тие имаа навистина
тешка задача при одлучувањето,
бидејќи во конкуренција беа
повеќе видови објекти, со
различни намени и вредности.
– Објектот „Нова“ се издвојува
по квалитетното проектантско
решение со различни содржини.
Негов основен квалитет е
микропросторот за слободни
активности на учениците,
воведувањето на дневната
светлина во сите простории,
ненаметливиот ентериер и
екстериерот во кои се применети
современи материјали во
изградбата – истакна Никола
Павловски, претседател на
жирито, на доделувањето
на наградата кое се одржа
во Музеј на град Скопје.
Зградата со површина од
4500 м² содржи училници,
специјализирани кабинети
за природни науки, танц,
ликовно изразување, музика,
фитнес, како и посебен дел
каде е сместен центарот за
предучилишно образование.
– „Нова“ претставува еден вид
кампус во кој може непречено да
се одвива целокупниот процес
на образование и вон наставни
активности кои го дополнуваат
целиот процес. Особена чест
ми претставува тоа што моето
дело е избрано меѓу толку
силна конкуренција на дела кои
прецизно го отсликуваат времето
во кое живееме. Веќе подолго
време изградбата на објекти
од јавен карактер во нашата
земја затајува. Се надевам дека
наскоро повторно ќе се свртиме
кон изградбата на вакви објекти,
кои навистина и се потребни на
Македонија – истакна Влатко
П. Коробар на церемонијата.

Лауреат – Влатко П. Коробар

nagrada_za_arhitektura.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top