Кинескиот уметник Аи Веивеи, со својата најнова уметничка инсталација повторно во фокус ја стави тековната бегалската криза. Неговото дело коешто неодамна се појави на познатата берлинска сала Konzerthaus, чија фасада беше симболично „облечена“ во дури 14.000 елеци за спасување, сега доби нова локација. Тоа е езерото пред австриската Belvedere Palace, чијашто површина послужила за инсталацијата наречена F. Lotus, составена од повеќе од 1.000 елеци за спасување, формирани во буквата Л.
Инаку, споменатите елеци се оние што не толку одамна се користеле за спасување на бегалците на грчкиот остров Лезбос, а уметникот Аи Веивеи ги искористил за неговиот проект и направи 201 пловечки кругови.
Препознатливите портокалови елеци за спасување ги користи како впечатлив показател за кризата која не престанува, каде што бројот на мигранти само се зголемува, а информациите зборуваат и за големиот број на луѓе кои од почетокот на годината ги загубија своите животи во обид да го најдат својот пат до Европа.